| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе завладее жед, ќе се умира за капка вода: Карта на најпогодените земји

Како што земаат замав климатските промени, така вода ќе има се помалку во топлите краишта, додека регионите познати по врнежите ќе бидат уште побогати со вода. Прикажаната мапа се однесува на недостигот на вода до 2040 година, кога многу земји во светот ќе се соочуваат со сериозен недостиг на вода, се наведува во зивештајот на Светскиот институт за ресурси.

Околу 33 земји ќе мора да се озборат со „екстремно голем недостиг“. На Блискиот Исток се наоѓаат 14 земји кои ги очекува недостиг на вода, а на 9 им се заканува максимална опасност.

ОН предупредуваат дека до 2030 година половина од светската популација би мжело да трпи последици поради недостигот од вода.

За среќа, Македонија и регионот се наоѓаат во подрачје богато со вода, што значи дека во блсика иднина ќе располагаме со еден од најбараните ресурси на светот – изворот на живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top