| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата потврди: Напаѓачот е убиен, три лица се борат за живот

Министерството за внатрешни работи на Баварија потврди дека напаѓачот со секира е застрелан од страна на полицијата откако се обидел да побегне од местото на настанот. Според официјалните податоци на германската полиција, три лица се посериозно повредени и се во животна опасност, а вкупно повредени се околу дваесет лица.

Инцидентот се случил вечерва во 21:45 часот по локално време, кога напаѓачот, чиј идентитет засега не е познат, влегол во патнички воз и со нож и секира почнал да напаѓа патници во населбата Хајдингсфелд во Вирцбург, јужна Германија.

Мотивите за нападот не се јасни, а пругата меѓу Вирцбург-Хајдингсфелд и Оксенфурт е блокирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top