Мултиплекс склерозата е автоимуна болест. Се јавува кога имунолошкиот систм наместо да го штити телото, тој го напаѓа. Болеста ја уништува изолацијата на миелинската обвивка, што резултира со постепено губење на способноста да се контролираат екстремитетите.
Клуч за запирање на симптомите на оваа болест кај пациентите кои долго боледуваат е нов и исклучително ризичен третман со трансплантација на матични клетки, кој вклучува и хемотерапија и кој во некои некои случаи резултира со поголема штета од штетата предизвикана од мултиплекс склерозата.
Третманот е наречен aHSCT (autologous haematopoietic stem cell transplantation), и целосно го запира развојот на нови мозочни оштетувања кај 23 од 24 пациенти кои подолго боледуваат од мултиплекс склероза, без потреба од дополнителни лекарства.
Класичниот aHSCT третман вклучува земање матични клетки од коскената срцевина на пациентот, користејќи хемотерапија за потиснување на неговиот имунолошки систем, и потоа нивно повторно внесување во пациентот за „ресетирање“ на системот. Но, овој начин често резултира со релапси на болеста по одреден период.
Истражувачи од Универзитетот во Отава го тестирале овој третман, но со комплетно уништување на имунолошкиот систем, наместо само потиснување. По тој процес матичните клетки морале повторно да го изградат „од нула“.
Тестирањата биле правени врз 24 доброволци со старост од 18 до 50 години чии претходни третмани не ја ставиле болеста под контрола. По 3 години, 6 пациенти (37%) успеале да продолжат да работат или да се школуваат, 8 пациенти (33%) имале умерено токсични ефекти и 14 пациенти (58%) имале умерено токсични ефекти поврзани со трансплантацијата.
Иако првичните резултати се импресивни, сепак лекарите се исклучително претпазливи, бидејќи од 24-те доброволци, еден починал како резултат на драстичните мерки кои третманот ги побарува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паѓам, испуштам работи, станав инвалид: Актерката боледува од неизлечлива болест
-
Не го дочека лекувањето: Почина Борче, насмеаното момче од Валандово
-
Едноставен, а ефикасен: Пронајден нов начин за лечење на рак
-
Перо Антиќ и КК Гостивар ќе ги обезбедат средствата кои недостасуваа за лекувањето на Гешовски