Иако со години ги чувствувала симптомите, лекарите дури овој август откриле дека холивудската актерка Селма Блер боледува од мултиплекс склероза. Четириесет и шестгодишната актерка во исповед на „Инстаграм“ објасни колку тешко се справува со оваа дијагноза. најави во Instagram дека е дијагностицирана со мултиплекс склероза. 46-годишната ѕвезда од “Секс игри” појаснува дека лекарите ѝ ја поставиле дијагнозата на 16 август, но со години ги чувствувала симптомите на болеста.
Се случува да паднам на земја, да ги испуштам работите, да имам проблеми со меморијата. Се надевам дека ќе им дадам надеж на другите. Сакам повторно да си играм со мојот син, да одиме по улицата, да јаваме коњ. Ако видите дека испуштам некои работи на улица, немојте да се колебате да ми помогнете да ги соберам – вели таа.
Актерката исто така признава дека има голем физички замор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.