| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА ги одреди следните можни противници на Вардар и на Шкендија

vardar-dinamo-zagreb-120716

УЕФА утрово ги одреди подгрупите за ждрепките за третото квалификациско коло од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Тетовска Шкендија е со реални шанси да го мине азербејџански Нефчи и да дојде до третата квалификациска рунда во Лигата на Европа. Пред ждрепката за третото коло од ЛЕ, која е закажана од 13 часот во седиштето на УЕФА, Шкендија ги дозна имињата на шесте потенцијални противници во следната рунда натпревари, тоа се австриски Рапид, бундеслигашот Херта од Берлин, хрватска Риека, португалската Арука, Млада Болеслав од Чешка и подобриот од дуелот меѓу белгиски Генк и Будуќност Подгорица.

Вардар, пак, има многу потешка задача да дојде до третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите, по поразот во Скопје од Динамо Загреб со 1-2.

„Црвено-црните“ доколку успеат да го поминат хрватскиот шампион ја преземаат носителската улога од Динамо Загреб во следната рунда. Ждрепката за третото квалификациско коло за ЛШ е закажана од 12 часот, а можни противници на Вардар се подобриот од дуелите меѓу: Розенборг – Норчепинг, Астана – Жалгирис, Шериф Тираспол -Хапоел Бер-Шева, Динамо Тбилиси – Алешкарт и Тренчин – Олимпија Љубљана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top