| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Јаг­ли­ков­ски: Сѐ по­че­сто се откри­ва ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на

За раз­ли­ка од алер­ги­и­те, про­це­сот што се од­ви­ва во ор­га­низ­мот при ин­то­ле­ран­ци­ја­та на хра­на е од со­се­ма по­и­на­ков ка­ра­ктер и со со­се­ма по­и­на­ков ме­ха­ни­зам, ве­ли д-р Јаг­ли­ков­ски

Ра­сте бро­јот на па­ци­ен­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја што има­ат алер­ги­ски ре­ак­ции, но мно­гу по­ка­ра­кте­ри­стич­но е тоа што нес­по­ред­ли­во по­ве­ќе се откри­ва ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на. Пред сѐ, по­ра­ди тоа што овој тип ис­пи­ту­ва­ње е ре­ла­тив­но по­но­во од прет­ход­ни­те, па не би­ло ко­ри­сте­но во ми­на­то­то ка­ко ана­ли­за, ве­ли д-р Бран­ко Јаг­ли­ков­ски, спе­ци­ја­лист по ме­ди­цин­ска би­о­хе­ми­ја во ла­бо­ра­то­ри­ја­та „Ави­це­на“. Тоа се дол­жи на тоа што овој тип ис­пи­ту­ва­ње е ре­ла­тив­но по­но­во од прет­ход­ни­те, па не би­ло ко­ри­сте­но во ми­на­то­то ка­ко ана­ли­за ко­ја ег­закт­но по­ка­жу­ва што се слу­чу­ва во на­ши­от ор­га­ни­зам, а симп­то­ми­те се при­пи­шу­ва­ле нај­че­сто на алер­ги­ски ре­ак­ции или ка­ко „хро­ни­чен ко­лит“, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ д-р Јаг­ли­ков­ски.

Што е алер­ги­ја, а што е ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на? Ка­ква е раз­ли­ка­та ме­ѓу овие два по­и­ма?

ЈАГ­ЛИ­КОВ­СКИ: Алер­ги­ја­та прет­ста­ву­ва сло­жен иму­но­ло­шки про­цес во чо­веч­ки­от ор­га­ни­зам што на­ста­ну­ва ка­ко ре­зул­тат на вли­ја­ни­е­то на раз­лич­ни ти­по­ви суп­стан­ции (алер­ге­ни) со кои ве­ќе ед­наш ор­га­низ­мот бил во кон­такт. При­тоа сле­ду­ва це­ла ни­за про­це­си – ре­ак­ции на соз­да­ва­ње ан­ти­те­ла од ти­пот IgE ка­ко и раз­ни ти­по­ви иму­но­ло­шки комп­ле­кси, од што по­на­та­му ќе за­ви­си и на­чи­нот на кој ќе се ма­ни­фе­сти­ра це­ло­куп­на­та ре­ак­ци­ја – ка­ко здрав­ствен проб­лем. Во за­вис­ност од суп­стан­ци­и­те (алер­ге­ни­те) што пре­диз­ви­ку­ва­ат та­кви ре­ак­ции, а кои глав­но се по­де­ле­ни во не­кол­ку гру­пи, од кои нај­че­сти се пре­хран­бе­ни­те ар­тик­ли (ну­три­тив­ни), вди­шу­вач­ки­те (ин­ха­ла­тор­ни), кон­такт­ни­те суп­стан­ции, ле­ко­ви­те и слич­но, ма­ни­фе­сти­ра­ње­то на ре­ак­ци­и­те ќе би­де раз­лич­но. Кај ин­ха­ла­тор­ни­те алер­ге­ни – ма­ни­фе­ста­ци­и­те ќе би­дат пре­теж­но кај диш­ни­от тракт, кај ну­три­тив­ни­те – ма­ни­фе­ста­ци­и­те ќе би­дат пре­теж­но од ор­га­ни­те за ва­ре­ње на хра­на, но се ма­ни­фе­сти­ра­ат и ка­ко кож­ни про­ме­ни и сл. За раз­ли­ка од алер­ги­и­те, про­це­сот што се од­ви­ва во ор­га­низ­мот при ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на е од со­се­ма по­и­на­ков ка­ра­ктер и со со­се­ма по­и­на­ков ме­ха­ни­зам. Про­це­сот ре­дов­но поч­ну­ва во црев­на­та слуз­ни­ца, при што се соз­да­ва­ат ан­ти­те­ла од ти­пот IgG, ка­ко и иму­ни комп­ле­кси од по­и­на­ков тип откол­ку кај алер­ги­и­те, а се ка­ра­кте­ри­стич­ни и кај вос­па­ли­тел­ни­те про­це­си. Ту­ка ста­ну­ва збор за ни­зок сте­пен на пер­зи­стент­на хро­нич­на вос­па­ли­тел­на ре­ак­ци­ја – сѐ до­де­ка во ор­га­низ­мот се вне­су­ва со­од­ве­тен тип хра­на – пре­диз­ви­ку­вач на проб­ле­ми­те. Во се­кој слу­чај симп­то­ми­те што се по­ја­ву­ва­ат и при две­те со­стој­би мо­же да би­дат мно­гу слич­ни и не се­ко­гаш мо­же да се раз­ли­ку­ва­ат јас­но, но раз­ли­ки, се­пак, по­сто­јат: алер­ги­и­те нај­че­сто се со аку­тен по­че­ток до­де­ка ин­то­ле­ран­ци­ја­та е по­бав­на – со од­ло­жен и не­пре­поз­нат­лив по­че­ток на ма­ни­фе­сти­ра­ње на проб­ле­ми­те; алер­ги­и­те мо­же да би­дат пре­диз­ви­ка­ни и од при­сус­тво на тра­го­ви од алер­ге­ни, до­де­ка кај ин­то­ле­ра­ци­ја­та е бит­на и ко­ли­чи­на­та на хра­на­та; кај алер­ги­и­те има по­зи­тив­ни ла­бо­ра­то­ри­ски алер­го­те­сто­ви, а кај ин­то­ле­ран­ци­ја­та се не­га­тив­ни и слич­но.

Branko-Jaglikovski-mala

Д-р Бран­ко Јаг­ли­ков­ски, спе­ци­ја­лист по ме­ди­цин­ска би­о­хе­ми­ја

Кои се при­чи­ни­те за по­ја­ва на ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на? Да­ли се ге­нет­ски или, пак, се по­вр­за­ни со на­чи­нот на жи­вот?

ЈАГ­ЛИ­КОВ­СКИ: При­чи­ни­те за по­ја­ва на ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на мо­же да би­дат раз­лич­ни – ге­нет­ски, на­чи­нот на жи­ве­е­ње и ис­хра­на, но и ком­би­ни­ра­ни. Ге­нет­ски­те при­чи­ни нај­че­сто се ен­зи­мо­па­тии, т.е. ге­нет­ски пре­диз­ви­кан не­до­ста­ток на не­кој ен­зим за раз­ло­жу­ва­ње на по­е­ди­ни со­стој­ки од хра­на­та (ка­ко што е ла­кто­за, фру­кто­за и сл), што мо­же раз­лич­но да се ма­ни­фе­сти­ра во за­вис­ност од по­пу­ла­ци­ска­та при­пад­ност.

Мно­гу по­че­сто при­чи­ни­те се по­вр­за­ни со на­чи­нот на жи­ве­е­ње и со ис­хра­на­та во­оп­што: ин­фек­ции (од раз­лич­ни пре­диз­ви­ку­ва­чи), стрес, ле­ко­ви, хе­ми­ски до­да­то­ци во хра­на­та (ади­ти­ви, кон­зер­ван­си, ста­би­ли­за­то­ри, бои, аро­ми…и сл).

Ка­кви ви­до­ви ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на по­сто­јат?

ЈАГ­ЛИ­КОВ­СКИ: По­дел­ба­та на ин­то­ле­ран­ци­и­те, глав­но, е спо­ред при­чи­ни­те­ли­те, но за­ед­нич­ко им е слич­ни­от на­чин на ма­ни­фе­сти­ра­ње и исти­от при­стап при трет­ма­нот.

Кои се симп­то­ми­те на ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на?

ЈАГ­ЛИ­КОВ­СКИ: Нај­ка­ра­кте­ри­стич­ни, но не и за­дол­жи­тел­но при­сут­ни симп­то­ми кај ин­то­ле­ран­ци­ја­та на хра­на, се че­сти­те теч­ни или ка­ше­сти сто­ли­ци, по­не­ко­гаш за­пек, ре­дов­но чув­ство на по­ду­е­ност и га­со­ви, ири­та­бил­но цре­во, бол­ки во сто­ма­кот… По­ре­тки симп­то­ми, но, за жал, при­тоа ре­тко по­мис­лу­ва­ме на проб­лем со ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на, се при­сус­тво­то на че­сти гла­во­бол­ки, па и ми­гре­ноз­ни на­па­ди, бол­ки во згло­бо­ви­те, хро­нич­ни кож­ни про­ме­ни, ато­пи­чен дер­ма­тит, ур­ти­ка­ри­ја, пре­ку­мер­на те­жи­на и сл.

Во што се со­стои ла­бо­ра­то­ри­ско­то ис­пи­ту­ва­ње за ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на? 

ЈАГ­ЛИ­КОВ­СКИ: Ток­му по­ра­ди раз­но­вид­но­ста, а по­не­ко­гаш и нес­пе­ци­фич­но­ста на симп­то­ми­те, кај нас мно­гу че­сто се слу­чу­ва во­оп­што да не се по­мис­лу­ва на ин­то­ле­ран­ци­ја­та на хра­на, до­де­ка во свет­ска­та ли­те­ра­ту­ра и пра­кти­ка сѐ по­ве­ќе е за­ста­пен ста­вот – пред да се про­ве­рат алер­ги­ски про­це­си или пос­ло­же­ни со­стој­би, пр­венс­тве­но да се про­ве­ри по­сто­е­ње­то ин­то­ле­ран­ци­ја на хра­на, со ог­лед на се­којд­нев­но­то кон­су­ми­ра­ње и со­ста­вот. Ла­бо­ра­то­ри­ски­те те­сто­ви сѐ по­ве­ќе се усо­вр­шу­ва­ат, по­бр­зо мо­же да се изра­бо­тат, сѐ по­ве­ќе се спе­ци­фич­ни и сен­зи­тив­ни (што за­ви­си и од про­из­во­ди­те­лот), а се­га за­се­га се единс­твен на­чин за утвр­ду­ва­ње на со­стој­ба­та. Те­сто­ви­те се изра­бо­ту­ва­ат ка­ко и си­те во­о­би­ча­е­ни ла­бо­ра­то­ри­ски ана­ли­зи од крв – а се со­сто­јат од одре­ду­ва­ње на кон­цен­тра­ци­ја­та на ан­ти­те­ла­та од ти­пот IgG, но спе­ци­фич­ни за се­кој тип хра­на од­дел­но. Ре­зул­та­тот од ана­ли­за­та се фор­му­ли­ра на на­чин да би­де раз­бир­лив, во смис­ла за кој тип хра­на кол­ка­ва е кон­цен­тра­ци­ја­та на ан­ти­те­ла­та и што зна­чи тоа за ор­га­низ­мот, со пре­по­ра­ка кои че­ко­ри тре­ба да се пре­зе­мат и за кол­кав вре­мен­ски пер­и­од.

Да­ли ако те­стот по­ка­же де­ка на­ше­то те­ло не то­ле­ри­ра не­кој вид хра­на, тоа зна­чи де­ка тре­ба да ја ели­ми­ни­ра­ме од ис­хра­на­та во­оп­што?

ЈАГ­ЛИ­КОВ­СКИ: Ако те­стот по­ка­же де­ка по­стои ин­то­ле­ран­ци­ја на не­ко­ја хра­на – а нај­че­сто е на не­кол­ку ти­по­ви хра­на – то­гаш, во за­вис­ност од кон­цен­тра­ци­ја­та на ан­ти­те­ла­та, се при­ста­пу­ва кон раз­лич­ни пре­по­ра­ки. Та­му ка­де што по­стои при­лич­но ви­со­ко при­сус­тво на ан­ти­те­ла, се пре­по­ра­чу­ва це­лос­но исфр­ла­ње на со­од­вет­на­та хра­на од ис­хра­на­та во тра­е­ње од 8 до 12 сед­ми­ци, па по по­тре­ба до ед­на го­ди­на. Но, тоа не зна­чи де­ка мо­ра до­жи­вот­но да се исфр­ли тој тип хра­на, ту­ку по за­вр­шу­ва­ње­то на тој пер­и­од, ќе мо­же да се вне­су­ва по­сте­пе­но во ис­хра­на­та – но со по­ма­ли ко­ли­чи­ни. По­ре­тка е со­стој­ба­та ко­га и по за­вр­шу­ва­ње­то на овој пер­и­од пер­зи­сти­ра ин­то­ле­ран­ци­ја­та кон со­од­вет­на­та хра­на по­ра­ди што се пре­по­ра­чу­ва комп­лет­но исфр­ла­ње од ис­хра­на­та. При дру­ги­те ни­воа на при­сус­тво на ан­ти­те­ла (уме­ре­но-по­ка­че­но) се пре­по­ра­чу­ва ко­ри­сте­ње на хра­на­та, но во та­ка­на­ре­чен ро­та­ци­ски си­стем: хра­на­та што ја кон­су­ми­ра­ме де­нес, не ја кон­су­ми­ра­ме на­ред­ни­те три де­на, ту­ку че­твр­ти­от итн.

Што по­ка­жу­ва Ва­ше­то искус­тво, да­ли се зго­ле­му­ва бро­јот на па­ци­ен­ти што има­ат алер­ги­ја и на оние што се те­сти­ра­ат за ин­то­ле­рант­ност на хра­на?

ЈАГ­ЛИ­КОВ­СКИ: Не­кол­ку­го­диш­но­то искус­тво сѐ по­ве­ќе ни по­ка­жу­ва де­ка има по­раст на алер­ги­ски­те ре­ак­ции во на­ша­та по­пу­ла­ци­ја, но мно­гу по­ка­ра­кте­ри­стич­но е тоа што нес­по­ред­ли­во по­ве­ќе се откри­ва ин­то­ле­ран­ци­ја­та на хра­на. Пред сѐ, по­ра­ди тоа што овој тип ис­пи­ту­ва­ње е ре­ла­тив­но по­но­во од прет­ход­ни­те, па не би­ло ко­ри­сте­но во ми­на­то­то ка­ко ана­ли­за ко­ја ег­закт­но по­ка­жу­ва што се слу­чу­ва во на­ши­от ор­га­ни­зам, а симп­то­ми­те се при­пи­шу­ва­ле нај­че­сто на алер­ги­ски ре­ак­ции или ка­ко „хро­ни­чен ко­лит“ и сл. За жал, кај нас сѐ уште мал­ку се знае де­ка се изра­бо­ту­ва­ат ва­кви те­сто­ви, а де­лум­но по­стои и не­до­вер­ба – нај­че­сто по­втор­но по­ра­ди не­ин­фор­ми­ра­ност или не­стру­чен при­стап, не­ре­ал­ни ре­зул­та­ти по­ра­ди не­стан­дард­ни те­сто­ви и сл, а при­чи­ни­те за на­ста­ну­ва­ње на та­ква­та со­стој­ба од ден на ден се сѐ по­при­сут­ни.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top