Земјата се цени по храната и по кафето, а македонските храна и кафе се „факинг“ неверојатни – вака Тудор Јонеску од романската група „Флај проџект“ (Fly project) отворено призна колку е задоволен што вечерва за првпат ќе настапуваат во Македонија.
Романската денс-група е главанта атракција на првиот ден од „Пивофест 2016. На прес-конференцијата за отворањето на 14. по ред фестивал на пивото и на скарата, гостите најавија дека се подготвени за вечерва, па макар се собере и еден милион публика.
-Сакам да потенцирам дека ние нема да правиме концерт, туку ќе ја правиме најдобрата забава во Македонија – рече Јонеску, сркајќи од своето турско кафе.
Во Прилеп, пак, веќе се е подготвено за гостите, кои се очекува да достигнат бројка и од 400.000 во текот на четирите дена. Штандовите се спремни, а низ градот веќе се чувствува мирисот на скарата.
Kaко што информираат од Општината, сите сместувачки капацитети во градот веќе одамна се резевирани и пополнети, а кревет плус се бара и во околните градови како Крушево и Битола. Поради огромната побарувачка, пуштен во употреба е и ученичкиот дом „Орде Чопела“, во кој единствено има место за сместување.
Гужва е и на Moгилата на непобедените, каде годинава има повеќе шатори од било кога. Првите гости во бесплатниот камп ги зацврстија своите шатори уште во средата, а вечерта со своја забава до доцна во ноќта ja прогласија авантурата за отворена.
Покрај гостите од Романија, вечерва на големата бина во центарот на Прилеп ќе настапат и познатите локални џезери „Кросроуд бенд“ (Crossroad Blues Band) реге бендот „Рафаел“ (Raphael), како и„ Тропико бенд“.
Кулминацијата се очекува да иде во сабота навечер, кога ќе гостува српската ѕвезда Аца Лукас, кој победуваше на сите анкети во последните неколку години на прашањето: Кого следно да го викнеме на „Пивофест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.