| четврток, 6 декември 2018 |

Голема дилема на младите мајки заробени во грозен брак: Треба ли да останам заради децата?

Младата Карли Израел, мајка на три деца од Кливленд, Охајо, неодамна поминала низ лош развод по шест години неуспешно брачно советување.

Одлуката за разводот долго ја размислувала, можеби и предолго и во текстот кој го објавила во весникот „Хафингтон пост“ објаснува како се чувстувала, што правела и како и изгледа денес животот.

„Се фатив себеси како гуглам „Треба ли да останам во брак поради децата?“ Се молев Бог да ми каже што треба да направам. Со денови плачев и одев по својата совршена куќа. Шест години брачно советување, три прекрасни момчиња, без насилство, без коцкање, без неверство, а јас умирав од внатре секој ден. Никогаш не бев свесна колку човек може да биде осамен во брак, да легнува покрај парнерот, без допир, секој на својот мобилен телефон. Како бродови кои се разминуваат. Тој е прекрасен маж и грижлив татко. Колку амо сакав повторно да се поврземе и да се разбуди страста меѓу нас.

Но, имавме мали деца и нив разводот ќе ги уништеше. Затоа останав. Секој пат од почеток решавав да останам. И секој ден еден дел од мене умираше. Моите две најдобри другарки ми рекоа: Во тебе веќе нема живот. И мене тоа ми беше потребно. Се обидов да останам поради децата, поради него, а во тоа барање се изгубив себе. Но, и покрај советите на пријателите и семејството, го оставив својот совршен живот и се одбрав себе.

Од сето тоа се изроди прекрасен неред. Веќе немаше тајни, немаше „разговор во ракавици“, немаше совршени постови на „фејсбук“. Разводот беше мачен. Но, го поднесов.

Моите синови растат и животот можеби не им изгледа онака како што планиравме и како што јас сонував, но имаат мајка која повторно е жива. Одамна ми имаа кажано дека во секоја ситуација мора да најдам нешто позитивно, во се да барам ситни задоволства и само така ќе се спасам. И најдов позитивни работи…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top