| четврток, 6 декември 2018 |

Го хранеле како веган – бебе во тешка состојба одземено од родителите

Четиринаесетмесечно бебе им беше одземено на родителите, откако бебето било сместено во болница во лоша состојба, бидејќи било хрането како веган.

Бебето било донесено во болница во Милано, Италија на 2 јули од страна на неговите баба и дедо. Тестовите покажале дека тоа е екстремно слабо и со критично ниско ниво на калциум. Тоа, исто така, страдало и од срцева мана, за која итно морало на операција. Иако оваа состојба со срцето била предизвикана од срцева абнормалност, тоа што бебето било хрането според оваа диета само ја влошило неговата состојба. Според докторите токму нискиот калциум ја направил маната сериозна.

Бебето е одземено од родителите, откако од болницата се јавила на социјалната служба. Судот ќе одлучи дали целосното старателство ќе биде предадено на бабата и дедото.

Ова е четврти сличен случај во последните 18 месеци во Италија, каде веганизмот брзо станува тренд.

Нутриционистите апелираат децата да не бидат подложни на никакви диети, освен ако нивната медицинска состојба не го налага тоа.

– Децата имаат потреба од многу хранливи материи за правилен раст и развој на мозокот, а најважни се масните киселини, железото, калциумот и протеините, а сите тие тешко може да се најдат во оваа диета – вели нутриционистот Џеклин Лондон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top