Без сомнение, алкохолизмот и злоупотрбата на аклохол претставуваат голем проблем во светот.
Во податоците од Националниот институт за злоупотрба на алкохол и за алкохолизам на САД, едно од 12 возрасни лица има проблеми со алкохол, без разлика дали е во прашање зависност или злоупотреба.
– Една од основните разлики меѓу злоупотребата на алкохолот и алкохолизмот е губењето контрола – објаснува д-р Тим Хакбеј, директор на центарот за рехабилитација „Орландо“.
Тој објаснува дека медицинските стручни лица го користат терминот „нарушување на употребата на алкохолот“ кое може да биде благо, умерено и сериозно, па благото нарушување може да се сфати како „злоупотреба“, а умереното или сериозното нарушување спаѓа во зависност.
– Повеќето луѓе што го злоупотребуваат алкохолот се во состојба да го модификуваат своето однесување во момент кога тоа ќе почне да влијае на нивниот живот. Кај зависност од алкохол доаѓа до промени во мозокот, кои се сметаат за трајни, а кои резултираат со моќна желба за алкохол и продолжување со пиење. Доаѓа до губење на контролата врз животот и почнуваат промените – објаснува д-р Хакбеј.
Стручните лица под умерено консумирање алкохол подразбираат не повеќе од два пијалака дневно за мажи и една пијачка кога се во прашање жени и постари лица. Ваквата консумација се смета за сигурна и бенигна. Сепак, различни лица индивидуално реагираат на алкохол, а на тоа големо влијание има и генетиката, старосната граница, општата психофизичка состојба и надворешните влијанија, така што ова треба да се земе како насока, а не како строго правило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Земал телефон, а му повлекле 90.000 денари – внимавајте со купувањето преку интернет
-
Злоупотреба на инвалидска пензија: Овој човек 20 години ужива на сметка на државата
-
Падот на човекот чијшто танц го полуде светот: Кога сум среќен – пијам, кога сум тажен пак пијам
-
И науката потврди: Алкохолизмот е во гените