Владица Рајковќ (28) е уапсен откако призна дека вчера навечер во селото Вратарница, кај Заечар, ја грабнал, силувал и свирепо ја убил тригодишната А.С од ова село. Но тоа не е се.
Имено, како што неофицијално дознава „RTS“ тој признал дека пред дваесеттина дена убил и четириесетгодишна жена од истото село, чие исчезнување исто така и било пријавено на полицијата.
Тој несреќното девојче го грабнал од роденден во селото на кое и двајцата присуствувале, а потоа ја силувал и убил.
Мајката околу 21.30 часот забележала дека го нема девојчето и пријавила во полиција. Луѓето кои биле на роденден и рекле на полицијата дека се сомневаат во Владица Рајковиќ бидејќи и тој во исто време исчезнал од роденденот.
За еден час полицијата го привела на испитување каде тој признал дека ја силувал и ја убил, а потоа им кажал каде се наоѓа нејзиното тело.
Полицијата го нашла распарченото тело на девојчето на околу 600 метри од куќата во која биле на прослава.
На враќање вујкото на девојчето го сретнал Владица и го прашал каде му е внуката, на што осомничениот му одговорил: „Не знам, ја оставив на автобуска станица“.
Собраните селани за малку не го линчуваа осомничениот кого полицијата го извлече и го засолни од разјарената маса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Дете прегазено на пешачки во Скопје(фото)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Угостител од Кеј нападнал 10-годишно дете