| четврток, 6 декември 2018 |

Фатете го најевтиниот пат: Ценовник на патарини до туристичките дестинации

patarini evropa

Од 30 евра до 100 денари во еден правец. За оние кои патуваат на одмор со сопствено возило значајна е информацијата колку пари ќе потрошат на патарини за да пристигнат до својата крајна дестинација.

Во вестите на ТВ Нова, нашиот репортер Ѓорѓе Камов утрово правеше анализа на оваа тема. Ако се земе Скопје како место за старт на патувањето, бројките се следни:

Истанбул – 11 евра во еден правец

Атина – 30 евра во еден правец

Крф – 7 евра во еден правец

Албанија – релација преку Грција до Саранда 11 евра, преку Струга 2 евра

Во Mакедонија има вкупно 9 патарини.

AMSM cenovnik na patarini

Од Скопје кон Дојран – 180 денари во еден правец

Кон Охрид и Преспа има две опции. Едната е да се оди преку Е75, каде има три патарини кои вкупно чинат 140 денари, а втората е преку Тетово и Гостивар, односно 4 патарини, што ќе ве чини 180 денари во еден правец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top