| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазена 80-годишна жена од Кавадарци

Осумдесетгодишна жена од Кавадарци  била прегазена од автомобил синоќа во кавадаречкото централно подрачје, информираше денеска  Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Старицата се здобила со повреди и била пренесена во Јавната здравствена установа Општа болница во Кавадарци.

– Синоќа  во 20.45 часот на крстосницата од  улиците  „7 Септември“ и „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци,  случена е сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка „фиjат пунто“ со кавадаречки регистерски ознаки,  управуван од 20- годишен жител на Кавадарци,  удрил во пешак,  80-годишна жена од Кавадарци – појасни  Стојковска.

Увид на лице место извршила увидна екипа од полициска станица во Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top