Осумдесетгодишна жена од Кавадарци била прегазена од автомобил синоќа во кавадаречкото централно подрачје, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Старицата се здобила со повреди и била пренесена во Јавната здравствена установа Општа болница во Кавадарци.
– Синоќа во 20.45 часот на крстосницата од улиците „7 Септември“ и „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци, случена е сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка „фиjат пунто“ со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од 20- годишен жител на Кавадарци, удрил во пешак, 80-годишна жена од Кавадарци – појасни Стојковска.
Увид на лице место извршила увидна екипа од полициска станица во Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)