Маргот Роби за малку ќе покажеше многу повеќе од своето и така малку покриено тело. Австралиската глумица вчера имаше мала незгода на црвениот килим на премиерата на филмот „Легенда за Тарзан“. Дваесет и петгодишната актерка носеше атрактивен фустан на „Миу Миу“.
Џејн беше спасена од својот Тарзан, поточно од колегата Александар Сарсгард, кој притрча да ѝ помогне со нејзиниот фустан.
Маргот Роби, која постигна светска слава со „Волкот од Волстрит“ и „Фокус“, сега е ѕвезда во новиот филм за Тарзан, кој синоќа ја имаше својата премиера во Лондон.
Филмот вечерва пристигнува и во Скопје, во кината на „Синеплекс“, а на неговите визуелни ефекти работеше и македонската компанија ФХ3Х.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.