Пред неколку дена се појави информацијата дека Исламскадржава има дури 3.000 сексуални робинки што се на продажба и дека нивната цена изнесува по неколку илјади долари. Таква судбина доживеала и Ламија Али Башар (18) од племето Јазиди, која успеала да се извлече од канџите на џихадистите.
Нејзината вредност била проценета на 12.000 долари, а кога била грабната имала само 12 години и вели дека никогаш не ни можела да претпостави дека наскоро ќе биде продадена. Таа по долго малтретирање и многубројните силувања што ги направиле борците на ИСИС, пред околу шест месеци била продадена за 11 илјади долари, по што во акциите против радикалните екстремисти, имала среќа да биде ослободена.
Јазидиските активисти, чиишто жени и деца се меѓу заробениците на ИСИС, на репортерите на „Асошиетјтед прес“ им покажале еден од постовите на арапски јазик во кој на продажба се нуди 12-годишно девојче по цена од 10.000 долари.
Инаку, се појавија и изненадувачки податоци, кои велат дека екстремистите дури имаат и мобилна апликација преку која тргуваат со разна стока, но и со робинките.
Една од овие секс-робинки, која успеала да се спаси, чијшто идентитет не се открива, неодамна била гостинка во Американскиот конгрес и Европскиот парламент за лично да ја повика меѓународната заедница да им помогне на Јазидите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.