| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е лицето на сексуална робинка на ИСИС – ја нагрдиле и ја продале за 11 илјади долари

seks robinka na isis

 Пред неколку дена се појави информацијата дека Исламскадржава има дури 3.000 сексуални робинки што се на продажба и дека нивната цена изнесува по неколку илјади долари. Таква судбина доживеала и Ламија Али Башар (18) од племето Јазиди, која успеала да се извлече од канџите на џихадистите.

Нејзината вредност била проценета на 12.000 долари, а кога била грабната имала само 12 години и вели дека никогаш не ни можела да претпостави дека наскоро ќе биде продадена. Таа по долго малтретирање и многубројните силувања што ги направиле борците на ИСИС, пред околу шест месеци била продадена за 11 илјади долари, по што во акциите против радикалните екстремисти, имала среќа да биде ослободена.

s robinka

Јазидиските активисти, чиишто жени и деца се меѓу заробениците на ИСИС, на репортерите на „Асошиетјтед прес“ им покажале еден од постовите на арапски јазик во кој на продажба се нуди 12-годишно девојче по цена од 10.000 долари.

Инаку, се појавија и изненадувачки податоци, кои велат дека екстремистите дури имаат и мобилна апликација преку која тргуваат со разна стока, но и со робинките.

Една од овие секс-робинки, која успеала да се спаси, чијшто идентитет не се открива, неодамна била гостинка во Американскиот конгрес и Европскиот парламент за лично да ја повика меѓународната заедница да им помогне на Јазидите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top