| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа е можно: Боксер претепал мечка!

Рик Нелсон (61), Канаѓанин кој долго години професионално се занимавал со бокс, го шетал своето куќе во шума кога пред нив се појавила мечка тешка повеќе од 150 килограми, а покрај неа имало мече.

Нелсон почнал да се повлекува, меѓутоа неговото куче почнало да лае, по што мечката се залетала кон нив.

Нелсон успеал во самоодбрана двапати да ја удри со тупаница во глава и да ја зашемети толку за да може да побегне со песот.

– Се се случи многу брзо. Кога тргна кон мене, почнав да врескам и да повикувам помош. Бев престрашен. Прво се појави мечето. Штом го здогледав, знаев дека сме во неволја, бидејќи мајката мора да биде многу близу. За жал, бев во право – изјави Нелсон кој поминал со само една гребнатинка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top