Дводелниот костим за капење познат како бикини слави 70 години постоење. Во дамнешната 1946 година тоа бил првиот дводелен женски костим за капење кој ги открива половината и папокот, а на жената ѝ давал чувство на слобода.
Современите бикини настанале во Франција по завршувањето на Втората светска војна во 1946 година. Иако денес е најнормално да видите жена во бикини на плажа, тоа не било така отсекогаш.
Првиот историски миг се случил кога австралиската пливачка Анет Келерман, првата жена што го препливала Ла Манш, е уапсена во Бостон затоа што носела припиен едноделен костим за капење. Тогаш таквиот костим бил мошне контроверзен, а малата фабрика „Јантцен“ од Портланд го препознала потенцијалот и направила костим за капење по примерот на тој на Анет Келерман. Сепак, тој модел бил мошне поневин од тој што ќе го дизајнира Луј Рар неколку години подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)