| четврток, 6 декември 2018 |

Бикини го слават 70. роденден (Видео)

Дводелниот костим за капење познат како бикини слави 70 години постоење. Во дамнешната 1946 година тоа бил првиот дводелен женски костим за капење кој ги открива половината и папокот, а на жената ѝ давал чувство на слобода.

03-izbor-kostimi-za-kapenje

Современите бикини настанале во Франција по завршувањето на Втората светска војна во 1946 година. Иако денес е најнормално да видите жена во бикини на плажа, тоа не било така отсекогаш.

Првиот историски миг се случил кога австралиската пливачка Анет Келерман, првата жена што го препливала Ла Манш, е уапсена во Бостон затоа што носела припиен едноделен костим за капење. Тогаш таквиот костим бил мошне контроверзен, а малата фабрика „Јантцен“ од Портланд го препознала потенцијалот и направила костим за капење по примерот на тој на Анет Келерман. Сепак, тој модел бил мошне поневин од тој што ќе го дизајнира Луј Рар неколку години подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top