| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Боске и Касилјас ги закопаа воените секири, 25 години заедно, и така ќе биде до крајот

del boske i kasiljas

Селекторот на Шпанија во заминување, Висенте дел Боске, и долгогодишниот капитен на „црвената фурија“, Икер Касилјас, се смирија. По изјавите на Дел Боске дека на убав начин се разделил со сите фудбалери, освен со Касилјас, кој му се лути затоа што го одреди Давид де Хеа за прв голман на селекцијата на ЕП 2016, сепак, двајцата долгогодишни пријатели се смирија.

Икер Касилјас објави фотографија од неговата посета во канцеларијата на Дел Боске во шпанската фудбалска федерација, со напомена дека се расчистени сите недерозабирања.

– Ова утро во Куќата на фудбалот. 25 години заедно, и уште сите кои ни преостануваат. Заедничка прегратка и желби за многу среќа понатаму – напиша Икер Касилјас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top