| четврток, 6 декември 2018 |

Во еден од најголемите терористички напади досега: Во Багдад загинаа најмалку 213 лица

До најновиот напад дојде само една недела откако ирачката влада објава дека повторно воспоставила целосна контрола над мнозинскиот град Фалуџа, кој беше клучно упориште на Ислманската држава. Тој е само 50 километри одалечен од Багдад

Во вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Багдад има најмалку 213 жртви.

Ирачките власти соопштија дека бројот на ранети, исто така, е поголем од 300 лица, пренесува „Танјуг“, наведувајќи дека овој акт е еден од најгрозоморните во ирачката историја.

13618124_10153479300246741_1786911733_n

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава.

Експолозијата предизвика пожар во неколку згради и продавници. Улиците беа полни со крш, а идентификацијата на жртвите може да потрае подолго.

До најновиот напад дојде само една недела откако ирачката влада објава дека повторно воспоставила целосна контрола над мнозинскиот град Фалуџа, кој беше клучно упориште на Ислманската држава. Тој е само 50 километри оддалечен од Багдад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top