| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)

Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетн, „Порт Ауторити“. Полицијата информираше дека реагира на терен и дека се уште не е утврдена причината за
експлозијата, а како што може да се види на фотографиите, на терен се и специјалните екипи за бомби.
.
Според телевизијата Еј-Би-Си, се работело за напад со импровизирана експлозивна направа, бомба во цевка,
при што неколку лица биле повредени, а напаѓачот бил приведен. Овие информации се уште не се потврдени од страна на полицијата.

Исклучително прометните метро станици Тајмс Сквер и Порт Ауторити се евакуираат од страна на полицијата додека возовите не застануваат на овие станици. Двете метро станици се поврзани со подземен пешачки тунел, и очевидци велат дека патниците сами почнале да бегаат штом ја слушнале силната експлозија.

Според пишувањата на светските медиуми, на осомничениот за нападот кој веќе бил приведен му виселе жици од неговата јакна, а кога бил забележан од полицијата веднаш бил уапсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top