Во вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во Багдад има најмалку 213 жртви.
Ирачките власти соопштија дека бројот на ранети, исто така, е поголем од 300 лица, пренесува „Танјуг“, наведувајќи дека овој акт е еден од најгрозоморните во ирачката историја.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава.
Експолозијата предизвика пожар во неколку згради и продавници. Улиците беа полни со крш, а идентификацијата на жртвите може да потрае подолго.
До најновиот напад дојде само една недела откако ирачката влада објава дека повторно воспоставила целосна контрола над мнозинскиот град Фалуџа, кој беше клучно упориште на Ислманската држава. Тој е само 50 километри оддалечен од Багдад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет