Бројот на жртвите од нападот врз џамија во Египет се зголемува од час во час, а според податоците на државната телевизија, најмалку 235 лица се убиени.
Вооружените напаѓачи фрлале бомби, а потоа влегле во џамијата за време на молитва. Повеќе од сто луѓе се ранети.
Египетскиот министер за здравство изјави дека стравува дека бројот на мртви ќе продолжи да расте.
Според очевидец, експлозивната направа била активирана веднаш пред џамијата Ал Раудах во Бир ал-Абд, а откако луѓето почнале да бегаат, напаѓачите почнале да пукаат. Вооружените напаѓачи излегле од четирите теренски возила и отвориле оган врз верниците.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а Египет со години се бори со екстремисти чии напади се радикализираа по смената на власта во 2013 година.
Според Би-би-си, нападите биле насочените против луѓе што ги поддржуваат египетските безбедносни сили.
Египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси оствари средба со највисоки безбедносни функционери.
извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Избегната голема трагедија пред мечот со Бордо: Спречен терористички напад на стадионот на ПСЖ