| четврток, 6 декември 2018 |

15 години не доаѓале на работа, никој не забележал

spanci
Двајца вработени во градското собрание на Херез де ла Фронтера во Андалузија, Шпанија, биле отпуштени откако е констатирано дека 15 години отсуствувале од работа.
двајцата мажи притоа уредно примале плата, а грешката е увидена откако било воочено дека возачот и градинарот не се појавиле на работа од јануари 2015 до мај 2016 година. Но по натамошно истражување се покажал периодот на новно отсуство бил многу подолг и дека последните 15 години ниеднаш не се појавиле на работа.
Синдикалната организација посочува дека работниите ги искористиле насобраните вишоци на одработени часови кои ги претвориле во слободни денови и дека целиот случај всушност е легален. синдикатот дозволува замена на слободните денови меѓу работниците и наведува дека мажите ги искористиле слободните денови на своите колеги.
Градските власти пак велат дека едноставно сакаат да ја елиминираат навиката на рабоптниците која носи штета како во организацијата и на нивните услуги, така и на градската каса.
Во истата покраина лани казнет е 69- годишен Шпанец откако беше откриено дека цели шест години не се појавил на работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top