| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството и Агенцијата за храна работат на спречување на ширењето на „јазлеста кожа“

jazlestaМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги демантира наводите изнесени на прес-конфернцијата на СДСМ од страна на Љупчо Николовски.

– СДСМ и Љупчо Николовски продолжува да ја манипулира и вознемирува јавноста во обид да добие ситни политички поени користејќи ја маката со која се соочуваат сточарите, без ни малку грижа за нив, стои во демантот.
Во соопштението се наведува дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство напорно и континуирано работат на спречување на ширењето на болеста „јазлеста кожа“ кај говедата и во согласност со протоколите на

Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на опозициската СДСМ, ја обвинува Агенцијата за храна и ветеринарство за неорганизираност во справувањето со болеста „Јазлеста кожа“ и оти крие информации за состојбата од меѓународните институции.

Светската здравствена организација за здравствена заштита на животните сите итни и неопходни физичко-технички мерки, во смисла на изолирање на болните животни, нивното не штетно отстранување, поставување на бариери за дезинфекција и формирање на заштитни зони беа веднаш преземени и беше спречено неконтролирано ширење на болеста, се наведува од МЗШВ.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски ги негира обвинувањата на Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на опозициската СДСМ за неорганизираност во справувањето со болеста „јазлеста кожа“. Поповски тврди дека Николовски кажува лаги и ја манипулира јавноста. Го повика доколку сака да види како се работи да дојде во АХВ.

– Ние, дневно во софтверски систем наречен ADNS ги внесуваме сите податоци во однос на секоја болест која е присутина во државата, не само за оваа, како и во софтверскиот систем на ЕУ, рече Поповски.

Тој информира дека имаат обврска да ја информираат ЕК секоја недела за вакцинацијата, односно до каде е и како е извршена. За планот за вакцинација, како што рече, ги имаат известено и соседните држави со кои има трговска размена.

Министерството и Агенцијата навремено ги преземаат сите неопходни мерки и успеаја, како што наведуваат, навремено да го спречат ширењето на болеста и да интервенираат, што е доволен доказ дека институциите на Република Македонија функционираат професионално и во пресрет на сточарите.

– Остануваме фокусирани на напорот за справување со болеста од која што стравува цела Европа и апелираме да не се создава паника поради ситни и лични интереси. Исплатата на штетите кон сточарите веќе се подготвува и по теренските и административни контроли ќе бидат реализирани во законскиот рок од 90 дена, односно се прават напори да бидат исплатени и пред тој рок, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top