| четврток, 6 декември 2018 |

Ристоски: Ни најголемиот оптимист не го очекуваше ова

makedonska reprezentacija odbojka

Македонската орбојкарска репрезентација со вчерашната тешка победа во полуфиналето на Европската лига во одбојка над Австрија од 3-2 докажаа дека чудата навистина се случуваат.

Оваа сезона во европското натпреварување избраниците на селекторот Жарко Ристоски иако во подмладен состав одиграа феноменални седум натпревари и на сите забележаа победи.

Веќе една страница во историјата испишаа токму со победа над Австрија во полуфиналете, а оваа година имаат нова шанса за пишување на нова историја. Македонската одбојкарска репрезентација ќе се пресмета со селекција на Естонија во големото финале на Европската лига. Иста е и приказната од спротивната страна. За Естонија ова е прво финале од ова натпреварување, а желбата за докажување останува на исто ниво кај двете репрезентации.

Уште пред започнувањето на Ф4, селекторот на македонската одбојкарска репрезентација истакна дека со самиот пласман на завршниот турнир фаворити нема. Мислењето не го менува и по седум победи во низа кои го донесоа на еден чекор од златниот медал.

– Веќе кажавме дека во Варна се чувствуваме како дома. Очекувавме тешка борба и така и беше. Моите играчи покажаа дека чудата навистина се случуваат. Ова ни е седма победа во низа и е огромен успех за оваа млада селекција. Дури ни најголемиот оптимист не го очекуваше ова. Не ни е важно против кого ќе играме во финалето, веќе покажавме дека фаворити и аутсајдери не постојат – задоволен е селекторот Ристоски.

Златниот медал го чека својот нов сопственик, а борбата за негов посед ќе започне во 17 часот по македонско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top