| четврток, 6 декември 2018 |

Финансиската полиција откри низа нерегуларности во работењето на Тритерол

заев

Финансиската полиција минатата недела влезе во струмичката компанија Тритерол и ја проверуваше документацијата поврзана со скандалот со превоз на ученици.

Како што неофицијално дознава Курир, откриени се низа неправилности кои ги поткрепуваат сомнежите кои беа обелоденети пред јавноста.

Оваа компанија не ги почитувала законите и обврските кои и следуваат. Така, констатирано е дека материјалната евиденција за трговија на големо не се наоѓа во складот на нафтени деривати.

Како што дознаваме, увиден е уште еден прекршок, а тоа е дека оротогомерачите не поседуваат документи од Министерството за економија, Биро за метеорологија за верификација.

Дополнително, во резервоарите немало оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт за покривање на петодневен просечен обем на трговија. Оперативните резерви е обврска од Законот за енергетика. Токму тука е направено најголемото прекршување, бидејќи поради лакомоста по повеќе пари не можеле да ги исполнат своите обврски. Колку што првиот човек на Тритерол добивал повеќе пари од општина Струмица, толку повеќе имал обврска да складира. Оперативната резерва мора да покрие петодневен промет, а во складовите немало толку место.

Станува збор за кривично дело кое може да повлече и одземање на лиценца и забрана за дејност.

заев2

Потсетуваме дека сомнежот беше отворен по прес-конференциите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, кој пласираше скандалозни податоци за работењето на оваа фирма. Тој потенцира дека Тритерол добивала преплатени тендери од општина Струмица, а подоцна наплаќала превоз по нереално високи суми.

-Фирмата Тритерол која е добитник на дел од преплатените тендери на Заев за превоз, е во сопственост на членот и функционер на СДСМ Лефтер Андонов. Ова лице во 2008-ма година е потпретседател на СДММ, како и член на Централниот одбор на СДММ. Лефтер Андонов во 2010 година станува Координатор на Југо источниот регион на СДСМ 2010 година. Фирмата Тритерол Доел Струмица  е основана во 2005-та година, а Лефтер Андонов како управител па сопственик ја наследува во 2012-та односно 2013-та година. Фирмата на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов е фаворит за голем број на тендери кои произлегуваат од општина Струмица. Па така мрежата на кланот Заеви се надополнува со уште една фирма на близок човек на Заеви. На 16.09.2014-та година фирмата на функционерот на СДСМ добива 8 тендери во ист ден во вкупна вредност од 17 905 040 денари. Значи толку пари од касата на Струмица биле наменети на сметката на фирматѕа на функционерот на СДСМ. Дополнително оваа фирма од општината Струмица има добиено уште 4 тендери во вкупна вредност на договорите од приближно 700 илјади денари. Значи околу 18 милиони денари од касата на Општина Струмица, во џебот на фирмата на функционер од СДСМ, што многу јасно кажува зошто Струмица плаќа поскапа цена од една Битола. Најскандалозното, само со еден тендер склучен на 02 септември минатата година фирмата Тритерол доел добила 37 842 120 денари или само со еден тендер 615 илјади евра. Или вкупно Тритерол од општина Струмица со која управува Заев добила тендери во висина од близу еден милион евра, на една фирма, на функционер на СДСМ, обвини Пишев.

По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека оваа фирма која е во сопственост на функционер на СДСМ добивала милионски тендери за превоз два пати поскап од оној во Битола, инспекторите ги проверуваа документите и открија низа нерегуларности.

заев3

За овие неправилности мора ќе бидат превземени соодветни законски мерки.

заев4

Потсетуваме и дека Тритерол ги испрати своите автобуси да донесат струмичани за во Скопје да протестираати да уништуваат со хулиганите од Шарената револуција. Зад овие протести е сосема јасно дека стои СДСМ, па сопственикот на Тритерол очигледно вака му се оддолжува на струмичкиот градоначалник Заев за огромните парични суми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top