Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ утринава изјави дека осомничениот за петкратното убиство во Житиште пукал од автоматско оружје што нелегално го поседувал, а ситуацијата била потполно неочекувана и немало никакви знаци што би укажувале на трагедија, јави Танјуг.
Стефановиќ потврди дека лицето З.С.(38) ноќеска околу 1.30 часот од автоматска пушка истрелал повеќе рафали и притоа усмртил пет лица и ранил околу 20.
-Постои сомнение дека станува збор за љубомора, бидејќи прва настрадала неговата поранешна сопруга, додека голем број луѓе се повредени и трагично настрадани- рече министерот.
Ситуацијата била сосема неочекувана бидејќи осомничениот немал ниту еден прекршок, ниту кривична пријава, напомена Стефановиќ.
-Итната помош прва пристигнала, а потоа и медицинските екипи од Зрењанин- рече Стефановиќ додавајќи дека полицијата, исто така, пристигнала за помалку од една минута.
Полицијата го привела осомничениот и го совладала, а тогаш веќе му била и одземена пушката. Обвинители брзо излегле на местото на трагедијата, направен е увид и се очекува на осомничениот да му биде одреден притвор. Сега е најважно да им се помогне на семејствата и на повредените да им се пружи потребната нега, рече министерот. Стефановиќ истакна дека станува збор за трагедија каква долго не е видена во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Масакр во Валона, момче уби осум роднини со калашников
-
Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)
-
Зошто никој не зборува за пораката на масичката: Морбидни фотографии од собата на убиецот од Лас Вегас