| четврток, 6 декември 2018 |

Петкратното убиството е трагедија каква долго не е видена во Србија – се огласи Стефановиќ

неб

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ утринава изјави дека осомничениот за петкратното убиство во Житиште пукал од автоматско оружје што нелегално го поседувал, а ситуацијата била потполно неочекувана и немало никакви знаци што би укажувале на трагедија, јави Танјуг.

Стефановиќ потврди дека лицето З.С.(38) ноќеска околу 1.30 часот од автоматска пушка истрелал повеќе рафали и притоа усмртил пет лица и ранил околу 20.

-Постои сомнение дека станува збор за љубомора, бидејќи прва настрадала неговата поранешна сопруга, додека голем број луѓе се повредени и трагично настрадани- рече министерот.

Ситуацијата била сосема неочекувана бидејќи осомничениот немал ниту еден прекршок, ниту кривична пријава, напомена Стефановиќ.

-Итната помош прва пристигнала, а потоа и медицинските екипи од Зрењанин- рече Стефановиќ додавајќи дека полицијата, исто така, пристигнала за помалку од една минута.

Полицијата го привела осомничениот и го совладала, а тогаш веќе му била и одземена пушката. Обвинители брзо излегле на местото на трагедијата, направен е увид и се очекува на осомничениот да му биде одреден притвор. ­Сега е најважно да им се помогне на семејствата и на повредените да им се пружи потребната нега, рече министерот. Стефановиќ истакна дека станува збор за трагедија каква долго не е видена во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top