| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто никој не зборува за пораката на масичката: Морбидни фотографии од собата на убиецот од Лас Вегас

Се појавија првите фотографии од телото на масовниот убиец Стивен Педок кој уби 59 луѓе, а повреди повеќе од 500 на концерт со кантри музика во Лас Вегас а потоа се самоуби.
Кога во неделата вечерта специјалците влегоа во хотелската соба го затекнале безживотното тело на Педок на под опкружено со оружјето од кое го извршил масакрот.

На фотографиите кои ги направиле истражителите и специјалните единици се гледаат две пушки како лежат покрај телото на мртвиот мултимилионер, а една од нив била оперемена со „Bump stock system“ кој го претвора полуавтоматското оружје во автоматско.

Во собата се пронајдени уште 10 пушки кои биле модифицирани да дејствуваат како автоматско оружје.

Во собата на масата е пронајдена и порака која би можела да биде клучен доказ, бидејќи се верува дека станува збор за збогувачка порака која би можела да го открие и мотивот на масакрот.

Подот од собата на 32 кат од хотелот бил полн со чаури од куршуми кои Педок ги истрелал во текот на 15 минутното пукање по луѓето кои биле на концертот.

Тој имал и свој видео надзор, односно две камери. Едната била во неговиот автомобил, и снимала што се случува пред хотелот, а другата во вратата на неговата соба со која надгледувал што се случува надвор и следел дали некој доаѓа да го апси.

Ова ги потврдува сомневањата на истражувачите дека Педок долго време го вежбал нападот и дека тоа го правел и на други места.

Оружјето освен во хотелска соба е пронајдено и во неговиот дом, и тоа пет пиштоли,две сачмарки и грст муниција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top