| четврток, 6 декември 2018 |

Кјелце доби супер награда, ќе игра против Барселона во полуфиналето на ЛШ

Ракометарите на Кјелце ќе играат против  Барселона во полуфиналето од ракометната Лига на шампионите. Каталонскиот гигант според многумина важи дури и за главен фаворит за трофејот, па јасно е дека Кјелце ќе ја има улогата на аутсајдер во ова полуфинале, закажано за 1. јуни во Келн.
Во вториот дуел од завршниот турнир, ќе играат германските екипи Хамбург и Кил. Финалето е следниот ден, на 2. јуни.
Кјлеце во четвртфиналето го елиминираше македонскиот првак Металург со победи во двата натпревари. Во Скопје славеа со 27-25, а во реваншот беа поубедливи и го запечатија пласманот на завршниот турнир со победа од 26-15.
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top