Ракометарите на Кјелце ќе играат против Барселона во полуфиналето од ракометната Лига на шампионите. Каталонскиот гигант според многумина важи дури и за главен фаворит за трофејот, па јасно е дека Кјелце ќе ја има улогата на аутсајдер во ова полуфинале, закажано за 1. јуни во Келн.
Во вториот дуел од завршниот турнир, ќе играат германските екипи Хамбург и Кил. Финалето е следниот ден, на 2. јуни.
Кјлеце во четвртфиналето го елиминираше македонскиот првак Металург со победи во двата натпревари. Во Скопје славеа со 27-25, а во реваншот беа поубедливи и го запечатија пласманот на завршниот турнир со победа од 26-15.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


