| четврток, 6 декември 2018 |

Хомосексуалец си, ќе лежиш две години затвор – вака казнувал Тито

tito

Оние кои се родени, растеле и живееле во времето кога Тито бил претседател на поранешна СФРЈ, сега имаат само пофални зборови за тој период.

Често слушаме приказни како тогаш било сѐ средено и се знаеле правилата.

Она што е помалку познато е информацијата на кој начин Тито ги казнувал хомосексуалците.

Имено, во Кривичниот закон на Југославија од 1951 година, протиправното блудничење кое ќе се случи помеѓу двајца мажи предвидувало казна затвор од две години. Ова правило не важело за жените.

Односот помеѓу двајца мажи се сметало за кривично дело против достоинството, личноста и моралот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top