| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Терористите не бираат дали ќе нападнат во Истанбул или во Лондон

_90148237_mediaitem90148236Западните земји и остатокот од светот мораат заеднички да се борат против теророт оти во спротивно ќе се остварат најцрните возможни сценарија, порача ноќва турскиот претседател Ердоган

Откако од премиерот Бинали Јилдирим беше информран за деталите околу терористичкиот напад во најголемиот аеродром во Турција, истанбулскиот „Ататурк“, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган остро ги осуди нападите и порача дека „западните земји и остатокот од светот мораат заеднички да се борат против теророт“ оти во спротивно ќе се остварат најцрните возможни сценарија, пренесува „Дејли Сабах“.

Ердоган додаде дека терористичките организации всушност не прават разлика дали ќе нападнат во Истанбул или Лондон, Измир или Чикаго или кој било друг град во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top