Седум годишно дете од тетовското село Вратница починало откако најверојатно врз него паднала метална врата од ограда, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Првичните информации велат дека случајот во полиција бил пријавен од вработени во тетовската Клиничка болница каде во 19 часот и 45 минути било донесено безживотното тело на седумгодишното дете. Според информациите од болницата дежурниот лекар само ја констатиран смртта на детето кое имало и обилно крварење од главата.
Детето се здобило со повредите во главата додека заедно со уште едно девојче си играле на металната врата од ограда на нива во близина на продавница во Вратница. Во еден момент вратата од засега неутврдени причини се откачила и паднала врз детето. Девојчето веднаш повикало двајца луѓе од продавницата кои ја подигнале вратата и го зеле детето што имало сериозни повреди на главата по што со возило се упатиле кон Тетово, но за жал тоа по пат починало.
– По овластување на јавен обвинител увид на местото до несреќата ќе врши екипа на СВР Тетово чиишто службеници го обезбедуваат местото од каде треба да се подигнат траги за вештачење за целосно расчистување на случајот, рече Јосифоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.