| четврток, 6 декември 2018 |

Почина уште една жртва на несреќата кај Кочани

povredeno-dete04Жена која се превезувала на тракторот кој се преврте пред Кочани им подлегнала на повреди, инфромираат од Ургентниот центар во Скопје.  Таа е втора жртва на несреќата која вечерва околу 19:15 се случи пред Кочани. На лице место загина возачот на тракторот а уште 10 деца се повредени од кои три потешко.Децата се на возраст меѓу 14 и 15 години. Имаат тешки повреди на главата и фрактури на черепот, повреди на стомак. Едно од децата е веќе оперирано.

Доктор Венко Филипче вели повеќето деца се во несвест, едно е во коматозна состојба, а сите други се на интензивно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top