Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален порен дожд со појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Температурата ќе се движи од 24 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Температурата ќе достигне 33 степени.
Во првите два дена од наредната недела претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален пороен дожд со грмежи и ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура до среда ќе биде во опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.