По прелиминарните резултати од референдумот во Велика Британија на кој граѓаните одлучија да ја напуштат Европската унија (ЕУ), вредноста на фунтата драстично падна во однос на американскиот долари, но и еврото.
Во еден момент вредноста на фунтата во однос на доларот падна за 10 отсто, што е најмногу уште од 1985 година.
Во однос на еврото, фунтата падна за седум отсто, односно на 1.2085 евра. Сепак, и вредноста на еврото падна во однос на доларот за 3,3 отсто, што е најголем еднодневен пад од кога се роди оваа валута.
Трговците на берзите се едногласни дека падот на вредноста на фунтата, но и на еврото екстремно во однос на светската економска криза во 2008 година.
Резултатите од референдумот во Британија неминовно ќе ги „протресат“ светските берзи. Клиентите на своите брокери на берзата ги советуваат да ги продаваат фунтите, а да купат сигурни валути, како јапонскиот јен или злато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.