| четврток, 6 декември 2018 |

Ждрепка за СП ракомет за мажи: Македонија во исклучително тешка група

Македонската машка ракометна репрезентација е во групата Б, заедно со Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола на Светското првеснтво (СП) во Франција во 2017 година. Така сакаше ждрепката која се одржа денеска во Париз.

Групата на Македонија е исклучително тешка, а на мундијалот ќе се сретнат лутите противници на теренот и стари познаници од спортските сали во Македонија, Лино Червар и Веселин Вујовиќ. Червар, тренерот на Металург, сега е селектор на Македонија, а популарниот Вујо ја предводи селекцијата на Словенија.

Пласман во следната фаза ќе обезбедат првите четири репрезентации од секоја група. Ако „црвено-жолите“ се пласираат во осминафиналето, тогаш за противник ќе добијат некоја од првите четири репрезентации во групата А.

Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка.

Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола.

Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија.

Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top