Во Кочани наскоро ќе се реализира кинеска инвестиција за производство на опрема за оризопроизводството со системот капка по капка, најавија по денешната средба градоначалникот Ратко Димитровски и потенцијалниот инвеститор Ванг Донг.
– Ќе инвестираме во опрема наменета за оризопроизводството и системот какпа по капка. Не радува што ќе можеме да инвестираме во Македонија и во најголемиот регион за производство на ориз кај вас- изјави Донг, сопственик на компанијата што планира инвестиција, а чие име и износ, како што најави, ќе бидат објавени дополнително.
Градоначалникот Димитровски изрази задоволство од најавата за инвестицијата во кочанското земјоделство, истакнувајќи дека се остварени успешни преговори со Кинеската амбасада во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар