| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Ончева: Пушењето цигари одзема и до 20 години од животот

Се сме­та де­ка мла­ди­те нај­че­сто поч­ну­ва­ат да пу­шат ци­га­ри на во­зраст од 15 го­ди­ни, иа­ко има и де­ца што пр­ва­та ци­га­ра ја за­па­ли­ле уште пред да на­вр­шат де­вет го­ди­ни. Истра­жу­ва­ње­то ЕСПАД спро­ве­де­но со уче­ни­ци на во­зраст од 16 го­ди­ни во 2015 го­ди­на по­ка­жа де­ка 38,4 от­сто од мла­ди­те има­ле искус­тво со ци­га­ри во те­кот на жи­во­тот, до­де­ка во 1999 го­ди­на нив­ни­от број из­не­су­вал 56,5 от­сто, што зна­чи де­ка опа­ѓа бро­јот на мла­ди што пу­шат ци­га­ри, ве­ли д-р Он­че­ва

Ед­на тре­ти­на од на­се­ле­ни­е­то во Ма­ке­до­ни­ја пу­ши ци­га­ри. Спо­ред истра­жу­ва­ња­та, во Ма­ке­до­ни­ја мла­ди­те пр­ва­та ци­га­ра ја па­лат на 15 го­ди­ни, иа­ко има соз­на­ни­ја де­ка има и де­ца што пр­ва­та ци­га­ра ја за­па­ли­ле уште пред да на­вр­шат де­вет го­ди­ни. Про­це­ни­те го­во­рат де­ка ед­на ци­га­ра го на­ма­лу­ва жи­во­тот за 11-12 ми­ну­ти. Спо­ред СЗО, ча­дот од ци­га­ра­та со­др­жи че­ти­ри ил­ја­ди хе­ми­ски суп­стан­ции од кои за 50 се сме­та де­ка пре­диз­ви­ку­ва­ат рак, а мно­гу дру­ги суп­стан­ции се то­ксич­ни, ве­ли д-р Сил­ва­на Он­че­ва од Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је.

 

dr_silvana-omceva

Д-р Сил­ва­на Он­че­ва од Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је

 

Кол­кав е бро­јот на пол­но­лет­но­то на­се­ле­ние во Ма­ке­до­ни­ја што пу­ши ци­га­ри? Ка­ко да се иско­ре­ни оваа штет­на на­ви­ка?

ОНЧЕВА: Се про­це­ну­ва де­ка ед­на тре­ти­на од на­се­ле­ни­е­то во Ма­ке­до­ни­ја пу­ши, од­нос­но око­лу 700.000 ли­ца. Тоа што охра­бру­ва е де­ка опа­ѓа бро­јот на мла­ди што има­ле искус­тво со ци­га­ра­та. Отка­жу­ва­ње­то од пу­ше­ње ци­га­ри е те­шко, ако се зе­ме пред­вид де­ка ни­ко­ти­нот што е со­др­жан во ци­га­ра­та е ви­со­ко ади­ктив­на ма­те­ри­ја и пре­диз­ви­ку­ва за­вис­ност и мно­гу че­сто се слу­чу­ва пу­ша­чи­те што  се отка­жа­ле од пу­ше­ње по­втор­но да се вра­тат на ци­га­ра­та. Свет­ски­те истра­жу­ва­ња го­во­рат де­ка ду­ри 98 про­цен­ти од ли­ца­та што пре­ста­на­ле да пу­шат за пер­и­од до ед­на го­ди­на по­втор­но се вра­ќа­ат на пу­ше­ње­то. За­тоа е мно­гу важ­но да се пре­не­се по­ра­ка­та до мла­ди­те да не поч­ну­ва­ат да пу­шат или, ако ве­ќе поч­на­ле, кол­ку што е мож­но по­ско­ро да ги оста­ват ци­га­ри­те.

 

Што зна­чи ед­на ис­пу­ше­на ци­га­ра за ор­га­низ­мот?

ОНЧЕВА: Про­це­ни­те го­во­рат де­ка ед­на ци­га­ра го на­ма­лу­ва жи­во­тот за 11-12 ми­ну­ти. Спо­ред СЗО, ча­дот од ци­га­ра­та со­др­жи че­ти­ри ил­ја­ди хе­ми­ски суп­стан­ции од кои за 50 се сме­та де­ка пре­диз­ви­ку­ва­ат рак, а мно­гу дру­ги суп­стан­ции се то­ксич­ни. Ча­дот со­др­жи аце­тон, амо­ни­јак, ар­сен што се ко­ри­сти за тру­е­ње глув­ци, бен­зен, бу­тан, кад­ми­ум, јаг­ле­ро­ден мо­но­ксид, фор­мал­де­хид, хе­кса­мин, ме­та­нол, то­лу­ен, ни­ко­тин и др. Амо­ни­ја­кот и фор­мал­де­хи­дот со­др­жа­ни во ча­дот вли­ја­ат на иму­ниот си­стем. Јаг­ле­род­ни­от мо­но­ксид го за­ме­ну­ва кис­ло­ро­дот во крв­ни­те кле­тки, та­ка што по­мал­ку кис­ло­род стиг­ну­ва до ви­тал­ни­те ор­га­ни, па ср­це­то мо­ра за­бр­за­но да ра­бо­ти за да ги за­до­во­ли по­тре­би­те од кис­ло­род кај кле­тки­те. Дру­ги­те то­ксич­ни ма­те­рии со­др­жа­ни во ка­тра­нот од ци­га­ра­та се та­ло­жат во бе­ли­те дро­бо­ви и та­му оста­ну­ва­ат за­се­ко­гаш. Ни­ко­ти­нот од ци­га­ра­та го зго­ле­му­ва крв­ни­от при­ти­сок и пул­сот, до­де­ка во мо­зо­кот вли­јае да се ос­ло­бо­ди до­па­ми­нот- хор­мо­нот што да­ва до­бро чув­ство. Ко­га ќе опад­не ни­во­то на до­па­мин, ор­га­низ­мот има по­тре­ба по­втор­но да се вне­се ни­ко­тин, што по­на­та­му во­ди кон за­вис­ност. Струч­ња­ци­те сме­та­ат де­ка ни­ко­ти­нот пре­диз­ви­ку­ва исто тол­ку за­вис­ност кол­ку што пре­диз­ви­ку­ва хе­ро­и­нот. Ни­ко­ти­нот ја на­ма­лу­ва цир­ку­ла­ци­ја­та на крв низ ор­га­низ­мот. Ча­дот од ци­га­ра­та го зго­ле­му­ва от­по­рот во диш­ни­те па­ти­шта и го на­ма­лу­ва ка­па­ци­те­тот на бе­ли­те дро­бо­ви.

 

Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жа­ле де­ка ре­чи­си 40 от­сто од ма­ке­дон­ски­те ти­неј­џе­ри пу­шат. Да­ли овие по­да­то­ци тре­ба да нѐ за­гри­жу­ва­ат? Да­ли овие ти­неј­џе­ри про­дол­жу­ва­ат и во по­доц­неж­ни­те го­ди­ни да пу­шат ци­га­ри?

ОНЧЕВА: Се сме­та де­ка мла­ди­те нај­че­сто поч­ну­ва­ат да пу­шат ци­га­ри на во­зраст од 15 го­ди­ни, иа­ко има и де­ца што пр­ва­та ци­га­ра ја за­па­ли­ле уште пред да на­вр­шат де­вет го­ди­ни. Истра­жу­ва­ње­то ЕСПАД спро­ве­де­но со уче­ни­ци на во­зраст од 16 го­ди­ни во 2015 го­ди­на по­ка­жа де­ка 38,4 от­сто од мла­ди­те има­ле искус­тво со ци­га­ра­та во те­кот на жи­во­тот, до­де­ка во 1999 го­ди­на нив­ни­от број из­не­су­вал 56,5 от­сто, што зна­чи де­ка опа­ѓа бро­јот на мла­ди што пу­шат ци­га­ри. Вкуп­но 24,2 про­цен­ти од уче­ни­ци­те из­ја­ви­ле де­ка пу­ше­ле ци­га­ри во те­кот на пос­лед­ни­от ме­сец. Од нив, 1,9 от­сто пу­ше­ле по­ве­ќе од 20 ци­га­ри днев­но. Да­ли мла­ди­те ќе про­дол­жат да пу­шат во жи­во­тот за­ви­си од мно­гу фа­кто­ри. Ка­ко и да е, кон­ти­ну­и­ра­на­та еду­ка­ци­ја е мно­гу важ­на во пре­вен­ци­ја на пу­ше­ње­то. Мла­ди­те има­ат пра­во да доз­на­ат за ште­ти­те од пу­ше­ње­то. Во при­лог на на­ма­лу­ва­ње­то на бро­јот на пу­ша­чи, се­ка­ко, вли­ја­е­ја и за­бра­на­та за рек­ла­ми­ра­ње на ци­га­ри­те и ре­стри­ктив­ни­те мер­ки –  за­бра­на за пу­ше­ње ци­га­ри на јав­ни ме­ста.

 

За кои бо­ле­сти пу­ше­ње­то ци­га­ри е фа­ктор на ри­зик број еден?

ОНЧЕВА: За мно­гу и за нај­че­сти­и­те ка­ко кар­дио и це­ре­бро-ва­ску­лар­ни­те бо­ле­сти ка­ко што се ср­цев ин­фаркт, мо­зо­чен удар, зат­ну­ва­ње на ар­те­ри­и­те на ек­стре­ми­те­ти­те, од­нос­но мор­бус бир­гер. Се оште­ту­ва­ат и бе­ли­те дро­бо­ви, до­а­ѓа до по­ја­ва на хро­нич­на оп­стру­ктив­на бо­лест, ем­фи­зем. Ра­кот на бе­ли­те дро­бо­ви нај­че­сто се ја­ву­ва кај пу­ша­чи, но и ра­кот на гр­ло­то, уста­та, пан­кре­а­сот и на дру­ги ор­га­ни се по­вр­зу­ва со пу­ше­ње­то. Ду­ри и ди­ше­ње­то чад од ци­га­ра­та кај не­пу­ша­чи, од­нос­но па­сив­но пу­ше­ње, исто та­ка, мо­же да пре­диз­ви­ка рак кај не­пу­ша­чи­те. Ни­ко­ти­нот од ци­га­ра­та се об­ви­ну­ва за по­ја­ва на то­ле­ран­ци­ја и на за­вис­ност. Тој, исто та­ка, вли­јае на по­ка­чу­ва­ње на ни­во­то на хо­ле­сте­рол во кр­вта и го пот­тик­ну­ва згрут­чу­ва­ње­то на кр­вта во крв­ни­те са­до­ви.

 

Да­ли тоа зна­чи де­ка си­те пу­ша­чи ќе се раз­бо­лат или де­ка се­ко­ја бо­лест по­вр­за­на со пу­ше­ње­то ќе се ја­ви кај си­те пу­ша­чи?

ОНЧЕВА: СЗО сме­та де­ка пу­ше­ње­то од­зе­ма 12-20 го­ди­ни од жи­во­тот и е при­чи­на за 21 от­сто од смрт­ни­те слу­чаи. Се сме­та де­ка 100 ми­ли­о­ни лу­ѓе во све­тот умре­ле ка­ко пос­ле­ди­ца од пу­ше­ње­то. Се­ка­ко де­ка не­ма си­те бо­ле­сти да се ја­ват кај си­те пу­ша­чи. Проб­ле­мот кај пу­ше­ње­то е што штет­ни­те ефе­кти се сог­ле­ду­ва­ат по по­ве­ќе го­ди­ни пу­шач­ки стаж, ко­га ор­га­низ­мот ве­ќе раз­вил за­вис­ност и мно­гу е те­шко да се отка­же од пу­ше­ње­то. Го­лем број лу­ѓе не ги по­вр­зу­ва­ат здрав­стве­ни­те проб­ле­ми со пу­ше­ње­то ка­ко што е ср­це­ви­от или мо­зоч­ни­от удар.

 

Се фор­ми­раа и со­ве­ту­ва­ли­шта за отка­жу­ва­ње од ци­га­ри. Да­ли се по­се­те­ни? Да­ли има ин­фор­ма­ции кол­ку­ми­на ус­пе­а­ле да се отка­жат од оваа штет­на на­ви­ка?

ОНЧЕВА: Од 2014 го­ди­на во цен­три­те за јав­но здрав­је се фор­ми­ра­ни со­ве­ту­ва­ли­шта за отка­жу­ва­ње од пу­ше­ње­то. Пред тоа бе­ше еду­ци­ран и ка­да­рот што ра­бо­ти во цен­три­те за јав­но здрав­је. До де­нес, во со­ве­ту­ва­ли­шта­та би­ле оп­фа­те­ни 654 ли­ца со груп­но со­ве­ту­ва­ње и 41 со ин­ди­ви­ду­ал­но со­ве­ту­ва­ње. Во од­нос на ус­пеш­но­ста во отка­жу­ва­ње­то од ци­га­ра­та по­треб­но е да се на­пра­ват до­пол­ни­тел­ни истра­жу­ва­ња. Пу­ше­ње­то пре­диз­ви­ку­ва дол­го­роч­на за­вис­ност, се сме­та за хро­нич­на бо­лест, та­ка што мал е бро­јот на тие што де­фи­ни­тив­но се отка­жа­ле од ту­ту­нот. До­ка­жа­но е де­ка се ра­бо­ти за за­вис­ност. За­вис­но­ста е тол­ку го­ле­ма кол­ку што е за­вис­но­ста од хе­ро­ин. Ко­га ни­ко­ти­нот е вне­сен на ни­во на кле­тка во мо­зо­кот, тој по­втор­но ба­ра да би­де вне­сен.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top