| четврток, 6 декември 2018 |

И Српче во герила: Преку ден директор на партиска фирма, навечер носач на транспаренти (Видео)

sasa bogdanovik

Директорот на ПОЦ (Паркинзи на Општина Центар) и претседател на скопската организација на СДСМ Саша Богдановиќ – Српче, вчера беше дел од тимот кој имаше задача да исценира инцидент за време на прославата на 26-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ.

На Српче му се падна улогата да е носач на транспарентот и да го постави на камениот мост односно кејот на Вардар, нешто што шарените платеници на СДСМ не успеаја да го направат.

Овие слободни активности Богдановиќ може комотно да ги извршува бидејќи како што дозна јавноста од протечени тајни документи низ медиумите, тој себеси си дели плати од по 2.000 евра.

Богдановиќ исто така ја ужива и поддршката на партиските другари бидејќи ПОЦ функционира како партиска фирма на СДСМ во која фиктивно се вработува партискиот кадар кој деновиве мести знамиња и фрла со балони со боја низ Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top