| четврток, 6 декември 2018 |

Дали СДСМ го ресоцијализира и Горан Стаменковски?!

Ангажманот на Љубе Бошкоски и Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа, на советнички функции во кабинетот на премиерот Зоран Заев, владејачкиот СДСМ се обиде да го прикаже како чекор за нивна ресоцијализација во политиката-едно општество за сите. Со други зборови, тие што некогаш се гледале низ нишан, сега заедно ќе работат и ќе придонесуваат за државата. А, дали со советничката функција во кабинетот на Заев се ресоцијализира и шефот на одделот за човечки ресурси во Кривичниот суд, Горан Стаменковски, кој е задолжен да го подучува претседателот на владата за социјални прашања. Тој е на висока позиција во скопска единица или раководител на администрацијата во судот.

Засега не е познато дали и Стаменковски за време на конфликтот во 2001 се гледал со некого низ нишан, ама познато е дека „нишанот„ во три наврати го има заменето со две физички пресметки во кои жртва беше поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, а во една вработена во судот. Оттука, останува отворена дилемата дали кабинетот на премиерот се претвора во социјална установа или, пак, во собиралиште на обични насилници?!

Пишува: Предраг Димитровски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top