| четврток, 6 декември 2018 |

Не постои жена што не се мачи со ова во лето, а постојат два сосема различни начини да си помогнете

Со високите летни температури неизбежно е да се избегне потењето, но тоа не е единствениот проблем со кој се мачат сите девојки во лето. Без разлика дали сте послаби или пополни, ова е заеднички проблем за секоја жена.

Во лето се носат кратки пантолони и здолништа, а тоа води до иритирани бутови и болка. Нозете се допираат и се тријат една од друга додека чекорите, што доведува до црвенило на кожата и иритација која пече.

  • Еден од начините да го спречите болното триење е да наравите се што можете кожата во тој дел да остане сува. Наједноставен и најдобар начин за тоа е да нанесувате бебешка пудра – советува дерматологот Мери Џин.

Доктор Лорен Плоч од Академијата за дерматологија во Џорџија, САД, пак, го предага сосем спротивниот совет.

  • На внатрешната страна на бутовите нанесете лубрикант. Мислам дека бебешката пудра не помага и дека подобро решение е вазелинот или некоја помасна крема – смета таа.

И двете се согласуваат дека треба да се избегнува памучната облека, бидејќи ја задржува влагата и не и дозволува да испари. Најдобро е да се користат синтетички материјали кои се позгодни, потенки и помалку ја иритираат кожата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top