Шпанскиот прволигаш Валенсија ја одби понудата на Челси вредна 32 милиони фунти за португалскиот интернационалец Андре Гомеш. Играчот за врска имаше одлична сезона во дресот на „лилјаците“, а со својата репрезентација сега е дел и од ЕВРО 2016. Новиот менаџер на Челси, Антонио Конте, инсистира на негов ангажман на „Стемфорд бриџ“, но, Валенсија не сака ниту да слушне за продажба под 42 милиони фунти.
Се очекува за неколку дена да следи и нова, повисока понуда од Челси за Андре Гомеш, за кој интерес покажува и италијанскиот првак Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.