| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкрософт го купува ЛинкдИн

mikrosoft
Американскиот софтверски гигант Мајкрософт објави дека потпишал договор за купување на социјалната мрежа ЛинкдИн за 26,2 милијарди во готовина.

Оваа професионална социјална мрежа има 433 милиони членови.

Се очекува договорот да биде завршен подоцна годинава, а понудата е 196 долари по акција. Тоа е 50 проценти повеќе отколку што изнесување вредноста на акциите на ЛинкдИн претходниот петок, јави Гласот на Америка.

Од Мајкрософт велат дека ЛинкдИн ќе си го задржи името и независноста.

ЛинкдИн со седиште во Калифорнија им овозможува на нејзините членови да изградат професионални врски кои им помагаат во нивните кариери. Исто така им помага на компаниите да пронајдат квалификувани кандидати за клучните работни места. Компанијата заработува со тоа што им наплаќа на компаниите за услугата за регрутирање и од рекламата на нејзините членови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top