Експлозивна направа утрово избувна пред канцелариите на „Мајкрософт“ во Атина, при што нема повредени лица.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, полицијата соопшти дека направата била изработена од две мали боци со гас за домаќинство. Во експлозијата е оштетен само влезот на зградата.
Канцелариите на „Мајкрософт“ во Атина беа нападнати во јуни 2012 година кога мини-комби полно со запалливи материјали удри во влезот на зградата, а потоа вооружени лица отворија оган.
Одговорност за нападот презеде групата Неформалната анархистичка федерација – Меѓународен револуционерен фронт (ФАИ- ИРФ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.