Последните научни истражувања кои беа спроведени на Кембриџ Универзитетот покажуваат дека луѓето, за разлика од пред 10-на години, сè помалку работат во канцеларија, а многу почесто од дома, во движење, во својот автомобил, во т.н. јавни канцеларии или соби (public rooms) или пак од места за кои досега беше неверојатно да се извршуваат работните обврски. Брзото секојдневие едноставно направи модерниот човек во исто време да работи на својот лаптоп, таблет компјутер и на паметниот телефон. Можноста да се носи со себе работата, документите и целата канцеларија е неверојатен новитет кој до пред само неколку години можевме да го гледаме само во научно-фантастичните филмови.
„Модерно секојдневие кое е навистина брзо е веќе сегашност насекаде низ светот. Луѓето повеќе не се „канцелариски растенија“, туку тие работат каде ќе стигнат. Последната студија која беше спроведена во САД и во поголемиот дел од земјите во Европа открива неверојатни податоци, имено, луѓето се повеќе поминуваат работни часови надвор од канцелариите, пишува во најновата студија на Универзитетот Кембриџ од Велика Британија“
Сега, благодарение на напредокот на технологијата, луѓето работат од било каде и било кога. Ова го овозможува новиот Office 365 на Microsoft.
Имено Office 365 е cloud сервис за корисници кои имаат потреба од пристап до бизнис апликациите на Microsoft, од Exchange па до сите добро познати Office алатки, како Word, Excel, Power Point и слично, од било каде во светот од било кој уред. Најновиот Office производ ги вклучува сите досегашни програми кои многу добро сите ги знаат и со години ги користат, а се набројани погоре, но сега тие се многу подобрени, овозможувајќи пристапите до сите персонални фајлови било каде и било кога. Новитетот кој помина одлично во бизнис светот е тоа што Microsoft одлучи новиот Office да биде достапен и за другите оперативни системи како што се конкурентните iOS на Apple како и Android, преку бесплатни мобилни апликации. Најновиот Office 365 прави сите да бидат побрзи, пофлексибилни, попродуктивни и посигурни во безбедноста на сопствените документи кои најчесто се строго доверливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.